Црна хроника
Кривична пријава против жител на Брест за сторено кривично дело избегнување плаќање акциза
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е. А. (30) од с. Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело избегнување плаќање акциза по член 279 б од Кривичниот законик.
Тој, на 8.8.2023, набавил 310 килограми тутун спакуван во повеќе пакувања без контролни маркици по што го пуштил во промет на територијата на државата.
На тој начин тој избегнал да плати акциза предвидена во член 85 став 3 и член 124 став 2 од Законот за акцизите во вкупен износ од 713.000 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Република Северна Македонија и стекнал противправна имотна корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
15-годишно девојче со сила внесено во автомобил и нападнато од поранешниот партнер во Ѓорче Петров
Во полицијата во Скопје била пријавена насилна случка во која 15-годишнo девојче било со употреба на физичка сила внесено во автомобил од страна на поранешниот партнер.
Според пријавата, настанот се случил пред два дена околу 19:30 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров. Зад нападот стоел И.Ј. (22), кој притоа физички ја нападнал и ѝ упатувал закани, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Штипјанец запалил оган пред домот и го оставил да гори – пожарот ја зафатил неговата куќа и се проширил и кај соседите
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. (43) од овој град поради сомнеж за предизвикување на општа опасност.
Според пријавата, на 24 септември 2025 година во селото Љуботен, штипско, тој запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира.
Подоцна огнот повторно се активирал и зафатил две соби од подрумскиот дел на неговата куќа, како и делови од две соседни куќи, гаража и околу пет хектари нискостеблеста вегетација, шума и сува трева.
Црна хроника
Маж од Пехчево пријавен за насилство, нападнал жена со стаклен предмет и оштетил кров од куќа
Полицијата поднела кривична пријава против Ќ.Д. (29) од Пехчево поради сомнение за кривично дело „насилство“.
Според пријавата, на 19 февруари 2025 година осомничениот најпрво оштетил кров на куќа, а потоа во дворот физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.

