Црна хроника
Кривична пријава против матичар поради злоупотреба на службената положба
Триесетгодишен вработен во Управата за водење на матичните книги, во матичното подрачје Бутел и Чаир, како помлад референт-матичар, со туѓа платежна картичка од банка направил 32 трансакции, со тоа што на други странки им зел пари во готово, а им кажувал дека тој за нив ќе уплати од неговата картичка.
Во временскиот период од 19.2.2020 до 25.2.2020 пријавениот ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на своите службени овластувања, спротивно на член 5 од договорот за вработување, на начин што ги искористил податоците од туѓа платежна картичка од банка стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Сопственичката на платежната картичка при вадење извод од Матичната книга на венчаните му ја предала платежната картичка на пријавеното лице за да изврши наплата на потребните парични средства. Во горенаведениот период платежната картичка останала кај пријавениот и тој направил уште 32 трансакции по основ на уплата за вадење изводи од матичните книги на родените, венчаните и умрените од други странки известувајќи ги дека тој за нив ќе ги уплати паричните средства од својата платежна картичка, а парите земени во готово од странките ги присвојувал.
Пријавениот се стекнал со кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластувањата и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

