Црна хроника
Кривична пријава против седум лица од Струмица поради загрозување на животната средина со отпад
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“.
„Пријавените лица неовластено тргувале со отпад, односно се занимавале со откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од разни физички лица, по што вршеле механичко одвојување, сортирање на делови и екстракција на метали, кои подоцна ги носеле во регистрирани отпади, односно кај правни субјекти кои вршат дејност складирање и третман на отпад или кај пријавениот А.Ш., каде ги продавале по повисока цена со цел да остварат материјална корист. Исто така, А.Ш. вршел и складирање на отпадни работи во непосредна близина на неговото живеалиште во Струмица и ги организирал останатите пријавени лица да вршат откуп на отпадни метални работи од трети лица и да му ги продаваат нему“, соопшти МВР.
За таа цел им давал на користење возила во кои товарале и носеле отпадни работи, а за негови потреби останатите пријавени лица вршеле и транспорт на веќе одвоените и сортирани метални предмети до овластени отпади и слично, за што А.Ш. им плаќал определен паричен надомест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

