Црна хроника
Кривична пријава против скопјанец за кражба на црква
СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против дваесет и деветгодишен скопјанец поради основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот кривичното дело го извршил во саботата околу 00:30 часот во црквата „Св. Петар и Павле“, лоцирана во с. Горно Лисиче, каде што со употреба на физичка сила насилно го отворил задниот прозорец, влегол внатре и од сандачињата за доброволни прилози во црквата одзел околу 3 000 денари по што го напуштил местото на настанот.
По преземените оперативни мерки утврден е идентитетот на сторителот, кој инаку е познат сторител на имотни деликти на подрачјето на Кисела Вода, за што досега осумпати е кривично пријавуван. Вчера Б.П. бил пронајден и приведен, а по извршен разговор, во целост го признал делото и го појаснил начинот на којшто го извршил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

