Црна хроника
Кривична пријава против тетовец поради кражба на струја

Жител на тетовското село Камењане се приклучил на мрежата на ЕВН Македонија и нелегално презел нерегистрирана количина електрична енергија, соопшти МВР.
На 23.01.2020, при вршење редовни работни активности од страна на електромонтери од Кец Тетово, била извршена контрола во дворното место на корисникот Ф.Б., син на пријавениот, при што било констатирано дека корисникот самоволно се приклучил на мрежата и презел нерегистрирана количина електрична енергија, со што причинил материјална штета на ЕВН Македонија во износ од 28.449 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас на штета на ЕВН Македонија- Кец Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.