Црна хроника
Кривична пријава против ФОН, вработени му издале диплома на полицаец
Заменик-генерален секретар на ФОН во Скопје и раководител на студенски прашања на универзитет лажно му издале диплома на полицаец од Куманово.
Како што информира МВР, поднесена е кривична пријава против 45-годишниот Д.Ј., вработен во МВР од Куманово, на работно место командир, поради фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, против С.Ѓ.(50) од Скопје, поради злоупотреба на службена положба или овластување, фалсификување исправа и фалсификување и уништување деловни книги, против Б.Р.(47) од Скопје, раководител на студенски прашања на Универзитет ФОН Скопје, поради злоупотреба на службена положба или овластување и фалсификување исправа и против правно лице Универзитет ФОН со седиште на булевар Војводина“во Скопје.
Според МВР, првопријавениот Д.Ј., со намера побрзо да се стекне со диплома за завршено високо образование, во февруари 2008 година поднел молба до Полициската академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје од каде добил уверение дека е запишан како вонреден студент во II година – IV семестар во академската 2007/2008 година и дека има положено 16 испити. По ова, тој не поднел молба за запишување и не склучил договор за студирање со правното лице Универзитет ФОН, а согласно претходен устен договор, второпријавениот – одговорно лице на универзитетот и третопријавената – раководител на студентски прашања, формирале Комисија за признавање на испити на Факултетот за детективи и безбедност, која на 17.01.2008 година донела решение пред да му биде издадено уверението за положени испити од универзитетот на кој претходно бил запишан, со кое му се признаени 15 испити, без да биде донесено друго решение за тоа во кој семестар треба да биде запишан.
По ова, првопријавениот поднел пријавен и семестрален лист за запишување на VI семестар, кој не бил даден на одобрување кај деканот на факултетот. На тој начин второ и третопријавената му овозможиле од незавршен IV семестар да го продолжи студирањето директно во VI семестар. Откако првопријавениот на незаконски начин ги положил испитите предвидени со студиска програма, му било издадено уверение за положени испити без наведување со стекнат стручен назив со печат на универзитетот и без потпис од ректорот. Уверението не било заведено во деловодната книга на правното лице која во тој период ја водел второпријавениот. По ова, првопријавениот, уверението за положени испити најпрво го употребил на 11.09.2008 година кај нотар во Скопје, а потоа го употребил во МВР на РМ за напредување во кариерата.
На 4.9.2018 година, на денот на контролата спроведена од страна на државни просветни инспектори и инспектори од СВР Куманово, С.Ѓ. дал на увид деловодна книга во која самоиницијативно внел име и презиме на првопријавениот, додека при извршен вонреден инспекциски надзор од страна на управен инспектор при Државен управен инспекторат, на 3.10.2018 година тој приложил друга деловодна книга во која не е запишан и не фигурирало името на првопријавениот. Д.Ј., за периодот на студирањето на ФОН извршил уплати во вкупен износ од 118.730 денари.
Во периодот од јануари 2008 година до октомври 2018 година се стекнал со противправна имотна корист од вкупен износ од 4.344.628 денари, за која сума е оштетен буџетот на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

