Црна хроника
Кривична против вевчанец за ширење расизам преку „Фејсбук“
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.У.(59) од село Вевчани, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
„Во текот на 2018 и 2019 година пријавениот преку својот профил на социјалната мрежа ‘Фејсбук’ ширел расистички и ксенофобичен материјал“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 32-годишен кумановец: бил баран по потерница за издржување затворска казна
Вчера во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 32-годишниот М.И. од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К`шање за издржување затворската казна.
Црна хроника
Четворица уапсени во Куманово: при претрес пронајден алат за извршување кривични дела
Вчера во 18.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 37-годишниот Б.С., 43-годишниот Н.М. и 38-годишниот З.Ч., тројцата од Штип и 39-годишниот З.П. од Куманово затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај З.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Скопје, три лица пријавиле каснување од кучиња скитници во градот.
Вчера, во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 51-годишната К.Д. од Скопје пријавила дека на улица „Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.
Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 42-годишниот И.Р. од Скопје пријавил дека на улицата „1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Аеродром, 27-годишната А.Н. од село Долно Лисиче, скопско, пријавила дека на булевар „12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.