Црна хроника
Кривична против жител на Кондово, противправно присвоил над два милиони денари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) од с.Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување” по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги” по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик, извести МВР.
„Пријавениот, вработен во правно лице, кое имало склучено договор за услуги со други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки, во периодот од 27.07.2022 до 09.09.2022, во точно 15 наврати, од продажните места на клиентите примил 15 пратки со парични средства во вкупна вредност од 2.364.621 денари, кои лажно, со свој потпис и печат на правното лице, ги евидентирал дека ги предал во трезорот на банката, но ги задржал за себе, по што книгата за евиденција на примање и предавање на пратки, со внесените невистинити податоци ја доставил кај својот работодавач како доказ дека примените вредносни пратки наводно ги доставил до соодветната банка. На тој начин тој го оштетил правното лице за паричен износ од вкупно 2.364.621 денари, а кои противправно ги присвоил за себе“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

