Црна хроника
Кривична против правно и против физичко лице, изнеле две вреќи со 4 килограми марихуана од фабрика
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с. Кравари, Битолско, и против Д. А. (38) од Битола, управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојните дроги и психотропните супстанци.
Имено, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема за чување и складирање медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основниот суд Битола, извршиле претрес во правното лице во с. Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис. СВР Битола исто така поднесе кривична пријава и против А. Б. (51) од Република Албанија, со привремен престој во Битола, А. Ј. (26) од Битола и А. Ј. (58) од Битола, првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 30.3.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со 4 килограми марихуана од фабриката. Имено, А. Б. ја изнел дрогата, а А. Ј. и А. Ј. ја презеле и ја ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А. Ј. (26) му одредил мерка притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.