Црна хроника
Кривични пријави за двајца кичевци поради непочитување на здравствените прописи
Кривични пријави против две лица од Кичево поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата на коронавирусот. Според пријавата на ОВР Кичево, се работи за Б. С. (46) од Кичево и С. А. (62) од кичевското село Шутово.
Првопријавениот на 18.3.2020 година, околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.3.2020 година своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која, според листата од СЗО, е зафатена од коронавирус Ковид-19 и дека во времетраење од 14 дена во својот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.
На 18.3.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка здравствен надзор и домашна изолација, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во својот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

