Црна хроника
Кривични пријави за две лица од Охрид кои не ја почитувале наредбата за самоизолација
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(48) од Охрид, како и против Х.П.Т.(48) од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид.
Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 09.03.2020 своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“. При контрола извршена на 19.03.2020 година, полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18.03.2020 година е забележан како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга. Со тоа, пријавените ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат вработен на наплатна рампа „Петровец“: напаѓачот ја скршил рампата и побегнал
Утрово во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина маж од Паланечко: изгубил контрола и паднал од мопед
Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
Возел со 188 килoметри на час на место каде е дозволено 100: уапсен маж од Охридско
Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

