Топ
Кривични пријави против битолски доктори, дозволиле лекарка без лиценца да изврши царски рез

Двајца доктори гинеколози во битолската болница, пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста, ѝ овозможиле на сопругата на едниот од нив, без соодветна лиценца за работа, да изврши породување со царски рез.
СВР Битола поднесе кривични пријави против трите лица поради злоупотреба на службената положба и овластувањето и фалсификување службена исправа, како и поради надрилекарство.
„Првопријавениот и второпријавениот како доктори, пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста, ѝ овозможиле на третопријавената на 1.1.2020, без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарската комора на РСМ, да укаже медицинска помош, т.е. да изврши оперативна интервенција – породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на одделението за гинекологија и акушерство – врз родилка.
По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 1.1.2021 година“, се наведува во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за членството на Украина во Европската унија, пишува „Политико“.
Иако формално дел од европските лидери остро се спротивставуваат на Орбан поради неговата близина со Москва и антагонизмот кон Киев, други гледаат во ова можност да го одбранат своето право на вето во процесот на проширување на Унијата.
Како што наведува „Политико“, Бугарија сака да го задржи правото да го блокира членството на Северна Македонија, а слични позиции имаат и други земји – Грција кон Турција, а Хрватска кон Србија.
„Очигледно Унгарците ги блокираат Украинците. Но, тоа не е сè. Бугарите сакаат да можат да ги блокираат Македонците, Хрватите сакаат да ги контролираат Србите, Грција и Кипар не сакаат Турција да се приближи кон ЕУ, а Грција сака да има око и врз Албанија,“ изјавил европски дипломат за „Политико“.
Македонија
Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Сите вие што верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери што ќе ја водат Македонија во 21 век сте на вистинското место, во својата земја, на најстариот универзитет, каде што професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што бргу се менува“, рече Јаневска.
Во присуство на ректорката Билјана Ангелова, проректорите, деканите и професорите, како и на претседателот на Националното студентско тело, Александар Николовски, министерката Јаневска укажа дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на домашното високо образование и креирање услови за подобар живот на младите во сопствената земја.
„Посакувам да останете во својата земја и по студиите. Тука да ја изградите својата и семејната иднина. Тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија“, ги повика студентите Јаневска.
Посочи дека во изминатиот период се донесени низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка и осовременување на студиските програми.
Македонија
Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е одложено за 8 октомври.
Причина е барањето на одбраната државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да ја преземе постапката или да ја делегира на друго обвинителство.
Нови бранители на Васев се адвокатите Дељо Кадиев и Спиро Ристовски.