Црна хроника
Кривични пријави против малолетници кои со нож ограбувале низ Скопје
Секторот за внатрешни работи – Скопје ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство – Скопје против тројца малолетници од Скопје ( на возраст од 15,16 и 17 години) поради основано сомнение за извршени кривични дела разбојништва и дрски кражби во централното градско подрачје.
„Осомничените со сериозна закана, употреба на физичка сила и нож врз малолетници во вечерните часови во периодот од 18:00 до 21:00 часот одзеле пари, мобилни телефони, часовници и друго. Во извршениот разговор, осомничените ги признале делата и го појасниле начинот на извршување“, соопшти МВР.
По насока на Јавен обвинител, извршено е и препознавање од страна на десетина оштетени лица, кои ги препознале малолетниците како сторители на кривичните дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

