Црна хроника
Крушевчанец се самоповредил со пиштол, пукал пред жената и детето
Крушевчанец се самоповредил со пиштол пукајќи пред жената и детето. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 15:30 часот на патот од село Црнилиште кон село Ропотово кај монополот на излезот од село Црнилиште.
Ф.А.(24) од село Норово, Крушевско, кој бил сопатник во возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од неговиот татко, од фиоката во возилото извадил пиштол и со намера да пука надвор, испукал неколку пати и се повредил во потколеницата на левата нога, при што се здобил со прострелна рана.
Потоа бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Во возилото биле присутни и сопругата на повредениот со малолетното дете и неговата мајка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати малолетници на автобуска постојка во Скопје
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Оштетиле инвентар во кафеана, запалиле возило кое на сила го одзеле, се заканувале на полицаец: уапсени неколку лица од Прилепско
Синоќа во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.
Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства.
МВР соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави
Црна хроника
Измамена жена од Кочани: по телефон и барале пари, и кажале дека внукот направил сообраќајка и згазил мигрант
Вчера во ОВР Кочани, 75 – годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра.
Како што било пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, соопштија надлежните.