Црна хроника
Кумановец ја силувал поранешната сопруга, а на социјалните мрежи под лажно име, објавувал експлицитни содржини од неа
Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднеле две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“.
Креирал и профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга.
При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.
Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Во неколку наврати, преку трансакциска сметка, оштетениот му исплатил вкупно 6.650 евра. По тоа, осомничениот престанал да комуницира со него, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Две возила „ауди“ опожарени за само час и половина во Скопје
Две патнички возила oд марката „ауди“ се опожарени во текот на ноќта во одделни инциденти на различни локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Првиот случај бил пријавен на синоќа, околу 02:00 часот по полноќ, кога на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било опожарено возило марка „Ауди“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Кусо подоцна, во 03:30 часот, бил пријавен уште еден пожар на паркинг на улицата „Лазар Димитров“, каде било опожарено патничко возило „Ауди А4“, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај, интервенирала противпожарната служба, а нема пријавени повредени.
Во двата случаи, увид извршила екипа од СВР Скопје, а околностите се испитуваат.
Црна хроника
Договор за продажба на имот со својот татко, па поврат преку катастар: Кривични пријави за службена злоупотреба и измама
Полицијата поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама во постапка поврзана со продажба и поврат на недвижен имот.
Според информациите од МВР, пријавениот З.М. (51) од Струмица во 2022 година дал полномоштво на трето лице за продажба на негов имот, иако претходно потпишал изјава дека тој имот нема да го отуѓува, заложува или на друг начин дава на располагање без писмена согласност на таканаречен „ремитент“ – поради обрска поврзана со кредит.
Имотот бил продаден на неговиот татко, со склучување на договор кој потоа бил потврден од нотар и електронски спроведен во Катастарот на недвижности.
Подоцна, службеничка во Катастарот – К.Д. (55) од Јосифово, која работела како самостоен референт за геодетски работи – извршила промена во евиденцијата со која парцелата повторно се водела како сопственост на З.М., односно враќање на имотот од новиот сопственик назад на продавачот.
Поради овие дејствија, против К.Д. е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, а против З.М. – за измама.

