Црна хроника
Кучиња скитници искасаа жители на Скопје
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.П.(40) од Скопје пријавил дека во двор од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 15.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.С.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Вашингтонска“ во Скопје била касната од куче скитник.
И во Полициската станица Гази Баба вчера во 15.30 часот С.К.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот Р.П. од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и две дигитални ваги.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник заврши во болница oткако го тепале група средношколци во Тетово
СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик пред средно училиште.
Во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир. Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информираат од СВР Тетово.
Црна хроника
Тетовчанец во угостителски објект си приспособил просторија за играње комар, заработи кривична
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ф.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
На 08.08.2024, пријавениот – сопственик на угостителски објект во Тетово, ставил на располагање една просторија во склоп на објектот со цел да се игра комар.