Црна хроника
Кучиња скитници искасале три лица во Скопје
Вчера во 18.15 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(20) од Прилеп пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 15.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Драчево вчера во 17.20 часот, Б.М.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Малешевска“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.
Црна хроника
Две жени затекнати како питаат во Тетово, едната со две мали деца – aкција на МВР и Центарот за социјални работи
Во текот на 11 ноември, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Центарот за социјални работи, спровеле акција за сузбивање на питачењето на подрачјето на градот.
Акцијата се одвивала од 11 до 16 часот, а при контролите биле затекнати две жени кои питачеле на јавни места.
Околу 12:20 часот, на кружниот тек кај улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ била затекната Н.Ф. (42) од Тетово, додека нешто подоцна, околу 12:50 часот, на улицата „Илинденска“ полицијата ја затекнала М.Д. (19) од Кочани, која питачела заедно со своите две малолетни деца, на возраст од четири и една година.
Жените и децата биле преземени од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Млада девојка од Прилеп тешко повредена во судир со товарно возило во Битола
Попладнето на 11 ноември во Битола се случила сообраќајна несреќа кај спојот на улиците „4 Ноември“, „Влатко Миленковски“ и „Димитар Илиевски–Мурато“.
Во несреќата учествувале товарно возило „Фолксваген“ со битолски таблички, управувано од 20-годишен возач од Битола, и електричен тротинет „Шаоми“, со кој управувала дваесетгодишна девојка од Прилеп.
Од ударот, младата возачка на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на несреќата и се работи на утврдување на причините поради кои дошло до судирот.

