Црна хроника
Лажен организатор на семинари за стрелаштво и летање со параглајдер измамил три лица
Лажен организатор на семинари за стрелаштво и летање со параглајдер измамил три лица за пари за наводна набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите.
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ќ. С. (31) од Скопје и други лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле три кривични дела измама, при што стекнале противправна имотна корист.
„Во периодот од 3.11 до 5.11.2019 година, едно лице, претставувајќи се како организатор на семинари за стрелаштво, летање со параглајдер и алтернативен туризам во хотели во Берово и Маврово, од три лица телефонски побарал пари на заем за набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите. Парите ги зел преку Ќ. С. на разни локации на територијата на град Скопје.
На 5.11.2019 полициски службеници го привеле и Ќ. С., а било извршено и негово препознавање од страна на оштетените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола,
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.
Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

