Црна хроника
Маж најден мртов во Кучевиште
Седумдесет и двегодишен маж бил најден починат во домот во Кучевиште.
Случајот бил пријавен два часа по полноќ.
„Денеска (01.01.2024) во 02.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Кучевиште бил пронајден починат Б.С.(72)“, објави МВР.
Од страна на Итната медицинска помош. констатирана била смрт, а телото било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија „цитроен саксо“ и запрежно возило: тешко повредена жена
Во СВР Велес синоќа во 20.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес–с.Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес и запрежно возило, управувано од Л.Ц.(64) од с.Извор, општина Чашка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Кумановка тешко повредена по удар од автомобил
Вчера во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Полчицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Загина 42-годишен маж од Делчево: со возилото излетал од патот
Синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот.
На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира полицијата.
Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.