Црна хроника
Маж од Крива Паланка дивеел на пат: откорнал сообраќаен знак, па запирал возила и ги гаѓал со предмети
МВР поднесе кривична пријава против 31-годишно лице со иницијали С.С. од Крива Паланка, поради загрозување на безбедноста и сообраќајот.
Како што соопшти полицијата, мажот кај место викано „Осички Мост“ на улицата Св. Јоаким Осоговски, од улица откорнал сообраќаен знак. Потоа, со сообраќајниот знак на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив.
Воедно, додава, МВР, мажот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.