Контакт

Спорт

Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Објавено пред

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Палмер, кој летово пристигна во Челси од Манчестер сити, постигна 22 гола на 33 натпревари и забележа десет асистенции.

Тој е водечка сила на сините оваа сезона, а на последните три натпревари постигна по два гола.

Тој победи во конкуренција на Александер Исак (Њукасл), Коби Мајно (Манчестер јунајтед), Букајо Сака и Вилијам Салиба (Арсенал) и Дестини Удоги (Тотенхем).

Траката за Златната копачка во Премиер лигата, Палмер ќе ја заврши на второто место зад Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој постигна 27 гола.

И не само тоа, 22-годишниот Палмер е номиниран и за најомилен играч на гласањето на навивачите во Премиер лигата.

Офанзивниот играч за врска на Челзи неодамна беше прогласен и за играч на месец април во Премиер лигата, откако постигна седум гола на четири натпревари.

Треба да се додаде дека тој со огромно мнозинство ја освои наградата за најдобар играч на Челзи оваа сезона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шпанскиот селектор: Пет репрезентации се фаворити на ЕП

Објавено пред

Луис де ла Фуенте, селектор на Шпанија, зборуваше за програмата на Радио Марка, ден пред утрешниот натпревар против Хрватска кој од 18 часот се игра во Берлин.

dobivaj vesti na viber

„Тимот е многу фокусиран и добро подготвен. Тие едвај чекаат да истрчаат утре на теренот и нивното однесување ме прави горд. Тие се пример за доблес, тимска работа и соживот. Што се однесува до нивниот квалитет, за мене тие се најдобрите во светот“. започна Де ла Фуенте.

На новинарско прашање дали Шпанија е во „групата на смртта“, бидејќи тука се и Хрватска, Италија и Албанија, тој одговори:

„Најдобрите репрезентации се секогаш на ЕП и има многу квалитет. Сите репрезентации имаат играчи од висока класа, ова е можеби најсилната група на ЕП, но ние сме подготвено“.

За фаворитите, селекторот на Шпанија вели: „Ова е можеби најсилното ЕП во историјата. Англија, Германија, Франција, Португалија… Шпанија, која мора да се вброи меѓу најсилните на ЕП.“

Прикажи повеќе...

Спорт

Спалети бара ред и дисциплина, многу работи им забрани на фудбалерите

Објавено пред

Актуелниот европски првак Италија го отвора Европското првенство против Албанија во сабота од 21 часот во Дортмунд. Италијанците се големи фаворити, а во групата се и Хрватска и Шпанија (сабота, 18:00 часот, Берлин).

dobivaj vesti na viber

„Газета дело Спорт“ пред почетокот на турнирот објави список со работи кои селекторот Лучијано Спалети (65) им ги забрани на репрезентативците.

Спалети инсистира на точност. Првиот собир во денот е закажан напладне, а целиот тим има заеднички ручек во 12:45 часот. Вечерата е во 20 часот. Спалети им забрани на играчите да носат слушалки, а мобилните телефони се дозволени пред ручек и вечера, првенствено за видео повици со семејства. Пред и потоа мобилните се забранети.

Играчите имаат соби за забава и опуштање со маси за пинг-понг, билијард, фудбал на маса, флипер и четири конзоли со два симулатори за возење. „PlayStation“ може да се игра само во таа просторија.

Италијанците наведуваат дека дури и смеата и забавата се дозирани бидејќи Спалети бара максимална концентрација на фудбалот од своите репрезентативци.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фоден пред ЕП бил кај гатачка

Објавено пред

Фил Фоден најдобриот играч во Премиер лигата е најголемиот адут на Англија на Европското првенство кое вечерва ќе започне во Германија. Фоден, во пресрет на континенталниот шампионат, бил кај гатачка.

dobivaj vesti na viber

Според таблоидот „Сан“, Фоден и неговата бремена девојка Ребека Кук биле кај гатачката Клои Смит која им гледала во тарот карти.

„Уживав во гледањето на тарот картите за Фил и Бека, и двајцата многу духовни и љубезни луѓе. На патот на Фил има многу среќа“, рекла гатачката.

Извор на овој весник открива дека асот на Манчестер сити се интересирал како ќе помине Англија на претстојниот турнир.

„Се надевам дека Клои му кажа дека го видела фудбалот како се враќа дома. Тој сакаше да ја „види“ својата иднина. Многу врвни играчи поминуваат време правејќи позитивни визуализации пред натпреварот со надеж дека тоа ќе им помогне. Ако тоа ги опушти и направи да се чувствуваат добро, тоа може да биде само позитивно“, наведува „Сан“.

25-годишната девојка, Клои Смит, на почетокот бесплатно им гледала во карти на пријателите, а потоа почнала да наплаќа околу 35 фунти за нејзината услуга. Денес меѓу нејзините клиенти има бројни познати личности од Велика Британија.

Англија ќе игра против Србија на стартот на Европското првенство, в недела од 21 часот во Гелзенкирхен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Пресуди против седум лица за спречување на контролор на летање во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија3 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ3 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија4 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа4 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет4 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион4 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион21 час

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија21 час

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија23 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...