Црна хроника
Маж осомничен дека предизвикал пожар во поранешна фабрика во Гостивар

Српски државјанин со живеалиште во Гостивар е приведен поради сомнеж дека предизвикал пожар во поранешна фабрика во Гостивар.
„На 26 март во 13.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Н.Ф.(52) од Република Србија, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека предизвикал пожар во напуштен објект на поранешна фабрика во Гостивар, сопственост на правно лице од Гостивар“, информираат од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта, задржан е во полициска станица

При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот.
„Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станиц“, извести Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Топ
Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на лекар во Клиниката. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Му го оштетил возилото, а потоа со уште неколумина го истепал, инцидент во Трубарево

Вчера во Трубарево, тетовец прво му го оштетил автомобилот на штипјанец, а потоа заедно со уште неколку лица го истепал. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје, доцна синоќа.
„Во 23.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во село Трубарево,скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, Е.А.(25) од Тетово му го оштетил возилото на Б.М.(44) од Штип, а потоа дошло друго патничко возило од кое излегле неколку лица и физички го нападнале Е.А.“, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи презема меркаи за расчистување на случајот.