Црна хроника
Маж полнел гориво во туби на име на болницата во која работел, МВР поднесе кривична
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од с.Мустафино, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,затајување“.
Пријавениот, вработен како економ во ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе, во јуни, јули и август 2023 година, во 18 наврати на бензинска пумпа во Свети Николе полнел гориво во туби, а на вработените на бензинската пумпа им укажувал да изготвуваат испратници за фактура и им ги давал картичките со податоци за службените возила на Здравствениот дом кои му биле доверени, со што противправно присвоил гориво во вредност од 79.891 денари на штета на ЈЗУ Здравствен дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

