Црна хроника
Македонец во возилото шверцувал Турци, уапсен е недалеку од Сињ во Хрватска
Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. Возило во кое биле осум турски државјани било запрено од полицијата вчера околу 8:40 часот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска.
Дваесет и тригодишниот осомничен кој управувал со автомобилот се товари дека од користољубие им помагал на странски државјани при нелегално движење со нивно преземање на територијата на општина Врлика, откако илегално пешки влегле на територијата на Хрватска. Од полицијата наведуваат дека постапувале со странскиот државјани согласно Законот за странци, додека 23-годишниот возач со кривична пријава е предаден на надзорникот на притворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

