Топ
Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Нови Сад
Четириесет и четиригодишен македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Нови Сад. Српските медиуми објавија дека до несреќата дошло кога автомобил „фолксваген шаран“ со македонски регистарски таблички излетал од патот.
Во несреќата се повредени уште пет македонски државјани кои се пренесени во Клиничкиот центар Војводина.
На возачот (51) од Ниш му е одреден притвор.
„Блиц“ пренесува дека ударот бил толку силен што телото на загинатиот полицијата го пронашла по неколку часа, оддалечено неколку десетина метри од уништениот автомобил.
„Двајца пациенти се тешко повредени, но се во стабилна состојба, а тројца се здобиле со полесни повреди. Првите двајца се во ургентниот центар, а тројцата се на ортопедија. Во тек е интензивен лекарски надзор и контрола по која ќе имаме подетални информации за нивната здравствена состојба“, соопштиле од клиниката во Војводина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Топ
За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на својот татко со сериозна закана дека ќе посегне по неговиот живот.
На 18 мај осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од мајка си кажувајќи ѝ дека мора да ги има парите. На тоа реагирал таткото, кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша.
Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор.
Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.