Црна хроника
Малолетник возел автомобил и учествувал во сообраќајна несреќа
На 30.12.2023 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Jажинце, кај влезот за с.Глоѓи, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со германски национални ознаки, управувано од М.Ш.(28) од с.Пирок, тетовско и патничко возило „фолксваген туарег” со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од село Доброште, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил М.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.