Црна хроника
Малолетник кој управувал мотоцикл тешко повреден во сообраќајка кај Липково
Во кумановската полиција синоќа било пријавено дека на регионалниот пат од село Липково до село Матејче се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „форд мондео“, управуван од Ј.С. (57) од селото Отља и мотоцикл „гили ЈЛ 150“, управуван од малолетник од Липково.
Во незгодата малолетникот се здобил со тешки повреди, констатирани во Ургентниот центар во Куманово.
Увид на местото извршила екипа од кумановската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вршеле нелегална продажба на тутун на пазарите во Кумановско: приведени осуммина мажи и еден малолетник
Во Куманово вчера полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во с.Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун.
Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. Одземениот тутун бил предаден на Државен инспекторат за земјоделие, додека од Државен пазарен инспекторат ќе бидат преземени мерки за вршење нерегистрирана дејност.
Црна хроника
Украл скутер: уапсен 65-годишен тетовец
На 25.01.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(65) од с.Копачин Дол, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Кај него бил пронајден и одземен скутер без регистарски таблички, кој потекнува од кривичното дело и кој бил вратен на сопственикот.
А.И. бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени малолетници: краделе во продажен објект во Прилеп
Вчера во 04.30 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, полициски службници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца малолетници од Прилеп.
Тие биле затекнати при извршување на кражба во продажен објект.
По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.