Црна хроника
Малолетник повреден на пешачки премин во Радовиш
Тешко повреден малолетен пешак откако во него удрил автомобил „бе-ем-ве“ на ул. Плачковица во Радовиш.
Несреќата се случила вчера околу 12:30 часот, а возилото го управувал 38-годишен жител на Радовиш.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откако потпишал решение за отстранување од работното место
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, лоцирана во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.
Црна хроника
Уапсени двајца мажи во Велес и Неготино, возеле под дејство на алкохол
Вчера во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 34-годишниот В.М. од село Иванковци, велешко.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта.
Исто така вчера, во 10:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода 54-годишниот Ѓ.С. од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити
Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

