Црна хроника
Малолетници нападнати од свои врсници во училишни дворови во Тетовско
Четириесет и петгодишниот тетовец А. Р., вчера (4 мај), во 13.20 часот, во СВР Тетово пријавил дека околу пладне во дворот на тетовско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од друг ученик од истото училиште, а поради поранешни недоразбирања меѓу нивните семејства.
Истовремено, 53-годишната С. Р. од Тетово пријавила дека нејзиниот пријавен син бил физички нападнат од двајца малолетници – ученици во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома
Полицијата вчера го приведе Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Четворица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во Скопје.
На 21.05.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, В.П.(46) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник.
На 21.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, К.Т.(62) од Скопје пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен Ирец, нелегално влегол во Македонија
Вчера, околу 18.30 часот, на регионалниот пат Дојран – Валандово, на местото наречено Раскрсница за село Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода 36-годишниот Ф. Ф. Ј. од Ирска затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.