Црна хроника
Марихуана и кокаин пронајдени кај велешанец, при претресот нападнал полицаец
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.
На 17 ноември осомничениот нападнал службено лице – полицаец од СВР Велес кој се обидел да го претресе. Кога полицаецот со уште двајца колеги се доближил, осомничениот почнал да бега.
Штом полицајците го стигнале, тој два пати со тупаници го удрил оштетениот полициски службеник во пределот на градите, а со нога го удрил во ногата и телесно го повредил.
Сепак, осомничениот бил совладан и кај него биле пронајдени 55,44 грама марихуана и 0,48 грама кокаин.
Поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор.
Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Роб Рајнер и неговиот син Ник се скарале на божиќна забава ноќта пред убиството
Холивуд е во шок откако легендарниот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес, а за убиството е осомничен нивниот син Ник Рајнер, пишува Ти-Ем-Зи.
Според извори блиски до семејството, само една ноќ пред убиството, на божиќната забава на водителот Конан О’Брајан, Роб и Ник имале жестока и гласна расправија, која ја слушнале и други гости. Кратко потоа, Роб и Мишел ја напуштиле забавата.
Извори наведуваат дека родителите со месеци се соочувале со сериозни проблеми поврзани со менталната состојба и наводната злоупотреба на супстанци од страна на нивниот син. Мишел, наводно, им се доверила на пријателите дека таа и сопругот се исцрпени и дека „пробале сè“.
Телата на Роб Рајнер и неговата сопруга биле пронајдени во неделата во нивниот дом, а Ник Рајнер бил уапсен во понеделникот и обвинет за убиство, со одредена кауција од 4 милиони долари.
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.

