Црна хроника
Машки труп извлечен од Вардар кај Долно Лисиче

Машки труп бил изваден во четвртокот попладне од водите на Вардар во Долно Лисиче.
Како што соопшти полицијата, идентитетот не е утврден, а со наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзиниот сосед, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 59-годишната В.С. од Скопје пријавила дека околу 15 часот во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната со тврди предмети од нејзиниот сосед Р.П.(85).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.