Топ
Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино, таткото и малолетниот син пренесени во болница

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка. Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36).
– Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат на дебата

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, која до него ја доставила Канал 5 телевизија.
„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија.
Тој додаде дека ова е прва телевизија со национална концесија што упатила официјална покана за дебата.
Партијата Левица по влезот во вториот круг на локалните избори го повика Ѓоргиевски да се соочи со Мециновиќ на телевизиска дебата.
Вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје ќе се одржи на 2 ноември.
Македонија
Министерството за здравство: Немаме долг кон „Комунална хигиена“

Министерството за здравство соопшти дека, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, демантирајќи ги тврдењата за наводен неплатен долг од 5 милиони евра.
„Тврдењата се неточни и имаат цел да му наштетат на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски“, се наведува во реакцијата.
Од Министерството апелираат до јавноста и медиумите да ги проверуваат информациите, особено кога станува збор за тврдења што можат да создадат забуна или недоверба во институциите.
Во соопштението се додава дека Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во сите активности.
Претходно денес, градоначалничката Данела Арсовска изјави дека Министерство за здравство му должи милиони Јавното претпријатие Комунална хигиена.
Македонија
Арсовска: Мицковски несреќо, на кого се закануваш, за ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката нa град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата на седница донела заклучоци со кои се задолжуваат МВР и останатите надлежни институции веднаш да извршат вонреден надзор врз работењето на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена за отпадот во градот.
„Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.
За ѓубрето низ Скопје е одговорна твојата криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)“, му порачува Арсовска на Мицкоски
За ѓубрето низ Скопје, како што вели, се одговорни неговите градоначалници кои сред избори додава Арсовска, повикале граѓаните да фрлаат кабаст отпад.
„А немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.
За ѓубрето низ Скопје е одговорно твоето министерство за здравство, кое милиони му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?
По корумпирана и по плитка власт од твојава не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш лажеѓе, како и за сѐ друго што лажеш денес“.