Топ
Мајка од Скопје ги тепала децата на 4 и 5 години по глава, тие имаат хематоми по лицето – предложен притвор

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми.
Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка. Станува збор за обвинението против реалниот сопственик на фирмата за обезбедување на дискотеката.
„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, соопшти Судот.
Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување.
Топ
Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје.
По пукањето, во дневната соба забележал дека било скршено стакло од прозор, имало оштетување во ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје.
Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот., велат од МВР.
Македонија
Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните да гласаат со срце и разум за единствената конкретна програма. Им се обрати и на противкандидатите и ги повика да придонесат недела да биде празник на демократијата.
„Само со гласање може да ги промените работите во Скопје и да го спасите по четири години уништување. Нашиот град не може да издржи уште четири години уништување, импровизации, партиски бизниси и некомпетентност. В недела ве повикувам со срце и разум да гласате за единствената конкретна програма и понуда. Гласајте за вашиот дом, за бројот 5 затоа што вие заслужувате чист, зелен и функционален град. За моите противкандидати, ве повикувам сите да придонесеме недела да биде празник на демократијата, на слободата на одлучувањето и почитувањето на волјата на нашите граѓани. Се гледаме во вториот круг“, рече Шукова.
Таа потсети дека нејзиниот план за Скопје е јасен – повеќе зелени површини, нови паркови и ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.
„Знаеме како да го направиме Скопје град што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро“, рече Шукова.
Повика скопјани да излезат на гласање и да се изборат за „нашиот дом“.