Црна хроника
Мајка се породила дома, бебето починало
Жена во осмиот месец од бременоста се породила дома, но бебето не преживеало, јави полицијата.
Во понеделник, во 17.30 часот од ЕИК Скопје е известено дека во 11.30 часот на С.П. (41) од Скопје, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари.
До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, истата сама се породила во својот дом.
Од страна на лекар била констатирана смрт кај женското новороденче, а С.П. била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
За биткоини измамена 59-годишна кумановка: оштетена за над 88 илјади денари
Во СВР Куманово вчера во 11.40 часот 59 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 88.338 денари.
Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите.
Како што е пријавено, за да може да и ги префли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит, парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамник украл 683.000 денари претставувајќи се како вработен во банка
Против скопјанец поднесена е кривична пријава поради компјутерска измама.
Претставувајќи се како вработен во банка, исконтактирал друго лице и го довел во заблуда да му го даде кодот кој пристигнал на неговиот мобилен телефон заради наводно ажурирање на податоци, при што го оштетил за 683.000 денари, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Рачна бомба фрлена во двор на прилепчанец: оштетени две возила и прозорите од куќата
Вчера во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 03 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа.
Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.