Црна хроника
МВР заплени над 55 000 парчиња пиротехнички средства

По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола, во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55 000 парчиња пиротехнички средства.
Кај 29-годишен скопјанец и 36-годишен битолчанец биле пронајдени над 52 000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3 000 распрскувачки материи, динамит и друго.
По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.
Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.