Црна хроника
МВР: Продолжуваме со борбата против недозволената трговија со дрога и оружје, претреси на територијата на целата држава, приведени повеќе лица
Во рамки на засилените активности за откривање на сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, вчера на територијата на цела држава МВР спроведе координирани активности.
Имено, по претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, извршени се 52 претреси во домови и помошни простории на локации во цела држава, при што биле пронајдени ловечки пушки, карабин, воздушни пушки и еден гасен пиштол, муниција од различен калибар, семки од растението канабис, повеќе пакувања со растителна, прашкаста и грутчеста материја, таблети екстази, дробилки, ваги, шприцеви исполнети со течност и други предмети. Исто така, при претресите биле пронајдени и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотични дроги.
Во рамки на активностите, само вчера, по брза постапка биле поднесени три кривични пријави против четири лица по член 215 и една кривична пријава за едно лице по член 396 од Кривичниот законик. Додека, против едно лице е распишана локална потерница. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и против другите инволвирани лица.
Министерството за внатешни работи и во наредниот период ќе продолжи со засилените мерки и активности за спречување на кривичните дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, како и за пронаоѓање и приведување на сторителите на овие дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

