Црна хроника
МВР: Пронајдена дрога, приведени двајца дилери од Скопје

Две лица се приведени за поседување марихуана, таблети „екстази“ и дигитална вага со остатоци од марихуана, известуваат од МВР.
Од ресорното Министерство додаваат дека по извршен претрес, полициски службеници од СВР Скопје, а врз основа на судска наредба, извршиле претреси во домовите на П. П. (20) и Д. П. (17), двајцата од Скопје.
При претресот во домот на П. П. биле пронајдени марихуана, три куршуми и други предмети, а при претресот во домот на Д. П. биле пронајдени марихуана, таблети „екстази“ и дигитална вага со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Украдени мобилен телефон и пари во верски објект во Гостивар

Полицијата го приведе Г.П.(25) од Република Албанија поради кражба извршена вчера во верски објект во Гостивар.
„Тој одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од селото Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На наплатна рампа Сопот во автомобил е најдена дрога

Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.
Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.
Топ
Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски службеник во ОВР – Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, што пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР – Крушево, му бил одземен службениот пиштол со рамка каде имало 13 куршуми.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.