Црна хроника
МВР со детали за несреќата на автопатот Скопје – Тетово, две лица потешко повредени
Две лица добиле тешки повреди во несреќата на автопатот Скопје – Тетово, што се случи вчера.
Како што претходно објави „Макфакс“, автомобилот „рено“ се превртел кога излетал од патот, а со возилото управувала 20-годишна девојка од скопско Морани.
Во несреќата повредени се пет лица, од кои две потешко.
„Во несреќата двајца сопатници во возилото, Х. М. (46) и 51-годишната Е. С. од истото село, добиле тешки, а возачот и другите двајца сопатници телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
На местото на несреќата во координација со јавен обвинител извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

