Црна хроника
Мигрант починал од струен удар, се криел во товарен воз
Синоќа во 19:06 часот во полициското одделение Петровец било пријавено дека при преглед на товарен воз на Железничката станица Илинден, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина.
Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификација, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод.
Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Бил извршен увид на местото на настанот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

