Црна хроника
Младо момче силувало 85-годишна жена од струмичко
Синоќа во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица.
Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко.
Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Кумановско
Вчера, во 6.25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Макреш, атар на с. Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј. С. (45) од Куманово, и патничко возило „рено меган“, управувано од А. С. (36) од с. Канарево, Кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. С., а неговиот сопатник С. А. и другиот возач А. С. добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.