Црна хроника
Мотор удри во жена на улица во Битола

Седумдесет и четиригодишна жена која пешачела на улицата Партизанска во Битола, вчера била прегазена од мотор.
„Мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Битола удрил во пешакот В.Н.(74) од Битола. Во незгодата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец

Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Ја претепал сопругата во ноќен клуб: уапсен охриѓанец

Утрово во 09.15 часот, од слобода е лишен С.Г.(35) од Охрид.
Тој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.