Црна хроника
Мотоциклист повреден во сообраќајка кај Трпејца

Мотоциклист е повреден во сообраќајка кај Трпејца. Полицијата информира дека вчера во 13:30 часот на регионалниот пат село Трпејца – село Отешево, Охридско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сим-јет“ управуван од Д.Ц. (25) од Охрид и возило „фолксваген пасат“ управуван од Т.П. (37) од село Карамани, Битолско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од каде што бил пренесен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзиниот сосед

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 59-годишната В.С. од Скопје пријавила дека околу 15 часот во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната со тврди предмети од нејзиниот сосед Р.П.(85).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.