Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Карбинци
Вчера околу 13 часот во СВР Штип, било пријавено дека на пат во с.Карбинци, В.Н.(47) од с.Карбинци, општина Карбинци управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.
Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.
Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Тешко повреден охриѓанец пронајден во паркирано возило кај струшкото село Ливада
Во струшката полиција вчера било пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, на локален пат во струшкото село Ливада, со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П. (40) од Охрид.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница Струга, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Уапсен струмичанец: при претрес пронајдена дрога
Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 36-годишниот А.Ф. од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

