Црна хроника
Му го украле возилото додека пазарувал во месарница
Тетовец останал без своето возило додека пазарувал во месарница. Кражбата се случила денеска изутрина околу 8:10 часот, кога Р.Ј. (57) од Тетово пријавил дека непознат сторител го одзел неговото возило „тојота“, кое го оставил пред месарница на тетовскиот зелен пазар, со клуч во бравата.
Крадецот влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец. Според полицијата, на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.600 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и крадецот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.