Црна хроника
Над сто хектари шума изгоре на Беласица

Во попладневните часови на вчерашниот ден било пријавено дека настанал пожар на планината Беласица на македонска територија, во правец на местото викано Тиха долина и местото викано Сарикаја, помеѓу селата Банско и Свидовица.
Во пожарот биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума, бука и бел бор.
Истиот бил локализиран во 17.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица и работници на ПШС-Беласица. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Стружанец повреден со нож по расправија, полицијата трага по напаѓачот

Вчера, околу 17 часот, во станицата на полицијата во Струга било пријавено дека во близина на струшкото село Враништа дошло до вербална расправија помеѓу две лица, по што едно од нив нападнало со нож 51-годишен маж од селото Лабуништа.
Нападнатиот С.Г. се здобил со повреди по телото, а напаѓачот е во бегство.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Отворена истрага за шест лица од Скопје и од Куманово за трговија со дрога

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Во временскиот период од 01.05.2025 година до 03.07.2025 година, осомничените шест лица заедно, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело – трговија со дрога, искористувајќи ист траен однос и исти или слични прилики. Тие неовластено продавале или заради продажба неовластено држеле наркотична дрога – амфетамин во вкупна нето маса од околу 6,5 килограми, наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 257 грама, како и – 98 таблети психотропна супстанца 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA)“, соопшти Обвинителството.
Предистражната постапка против осомничените траела неколку месеци и притоа дел од доказите биле обезбедени со примена на посебни истражни мерки.
На 3 јули сите осомничени беа уапсени во координирана акција, при што по барање на јавниот обвинител, а врз основа на претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово.
При претресите, освен претходно наведената дрога и психотропни супстанции, беа пронајдени и одземени дополнителни количини и пакувања со марихуана, хашиш, амфетамин, кокаин, различни таблети, повеќе дигитални ваги, други предмети и парични средства.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка ефективен притвор за сите шестмина осомничени.
Црна хроника
Приведени криминалци барани со потерници за затворски казни

На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 06.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А. (56) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (44) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.