Црна хроника
Над шест килограми марихуана пронајдени во куќа во Гостивар
При претрес во дом во Гостивар пронајдени биле 13 најлонски пакувања со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, кои биле одземени и дадени на вештачење.
Претресот бил извршен во куќата и помошните простории на 48-годишно лице од село Стојаково, со иницијали М.К., соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен жител на Русиново, со стаклен предмет тешко повредил дете
Утрово, на 23 ноември 2025 година, околу 08:15 часот во селото Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од истото село.
Приведувањето уследи по претходна пријава дека во викенд-куќа во селото, по расправија, тој со стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени седум лица во Скопје и Тетово, пронајдена дрога и нож
Во текот на 22 и 23 ноември 2025, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Џ.(21), И.Т.(31), С.П.(26), Е.Н.(31), И.Г.(25) и А.П.(26) – сите од Скопје, како и И.М.(35) од Тетово.
При контролите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

