Црна хроника
Нападнал новинарска екипа додека снимале инсерти, им ја оштетил камерата
Жител на Росоман агресивно се однесувал кон новбинар на телевизија, кој снимал инсерти од сообрачајна несреќа и им ја оштетил камерата.
„На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман. Тој, на 18.07.2023 на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
Денеска, во 1.10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 36-годишниот Д. А. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на казната.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.