Топ
Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко
Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.
Како што информираат од МВР, таткото на 12-годишникот, ќе добие кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи токму неговиот син замавнал со ножот.
Малолетниците на 06. декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажана лекарска помош во градската болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување.
Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.
Кривична пријава против родителот е поднесена бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
27,19 проценти е излезноста на граѓаните до 15 часот во вториот круг од локалните избори, според ДИК
Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија.
Според комисијата, излезноста за Град Скопје до 15 часот изнесува 29,94%.
Најголема излезност е забележана во Општина Карпош со 32, 40% и Општина Центар со 31,65%, најмала излезност за градот Скопје има во Општина Сарај 6% и во Чаир со 8,83%.
„Споредено со излезноста во првиот круг и пресекот направен тогаш во 15 часот, излезноста изнесувала 31,16% за градот Скопје.
Во однос на излезноста за градоначалници на општините според пресекот во 15 часот, процентот на избирачи кои гласале во избирачките места од кои се пристигнати податоци до ДИК изнесува 30,26%. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати податоците изнесува 93,59%“.
Гласањето како што соопштија од комисијата се одвива непречено и во најдобар ред.
„Се што беше доставено како приговори за избирачко право се решава и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас“. Засега велат од таму не се пријавени никакви инциденти.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски кој почина во затворот во Штип
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

