Топ
Наредена обдукција на двете починати лица во престрелката на „Рузвелтова”

По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова” во Скопје каде што доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено.
„По наредба на јавен обвинител, телата на двете починати лица се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а возилото во кое се превезувале е подигнато за вештачење“, информираа од јавното обивниелство.
Од обвинителството посочија дека на местото каде се случила кравата пресметка биле пронајдени 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од повреденото лице и други докази кои се подигнати од местото на несреќата и кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.
Трите лица 44-годишниот Н.А., и неговите двајца сопатници 49-годишниот А.П. и 19-годишниот Ф.Е. се превезувале со возило „Сеат алтеа“ кога врз нив бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото. Возачот на автомобилот 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пакистан и Индија се согласија на моментален и целосен прекин на огнот, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста на својата социјална мрежа Truth Social.
„По долга ноќ преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на моментален и целосен прекин на огнот. Честитки до двете земји за нивниот здрав разум и одлична интелигенција. Ви благодарам за вашето внимание!“ напиша Трамп.
Индија и Пакистан се согласија на моментален прекин на огнот и почеток на разговори за широк спектар прашања, потврдија високи функционери од двете земји.
Пакистанскиот вицепремиер Ишак Дар изјави дека двете земји се согласиле на моментален прекин на огнот, додавајќи: „Пакистан отсекогаш се залагал за мир и безбедност во регионот, без да прави компромиси со својот суверенитет и територијален интегритет!“
Европа
Зеленски и лидерите на најмоќните европски земји разговараа со Трамп

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска утрово пристигнаа во Киев, каде што му се придружија на украинскиот претседател Володимир Зеленски и имаа телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Тема на разговорот беше можноста за постигнување мировен договор со Русија.
Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц пристигнаа во Киев со истиот воз, додека полскиот премиер Доналд Туск пристигна одделно. Тие одржаа состанок со Зеленски во центарот на Киев, по што се придружија на заеднички телефонски разговор со Трамп.
„Сите лидери имаа суштински разговор со претседателот на САД, фокусиран на мировните напори“, објави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа Икс, заедно со фотографија од петте лидери како седат со мобилен телефон.
Според новинската агенција ПА, разговорот меѓу Зеленски, четворица европски лидери и Доналд Трамп бил непланиран, траел околу 20 минути и бил опишан како „срдечен“ од извор од британската делегација.
Сибиха понатаму изјави дека Украина и нејзините сојузници се подготвени веднаш, почнувајќи од понеделник, да прифатат целосно и безусловно примирје на копно, море и воздух, во траење од најмалку 30 дена. Доколку Русија се согласи и се обезбеди ефикасна контрола на прекинот на огнот, ова би можело да го отвори патот за сериозни мировни преговори, според Киев.
Македонија
(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница. Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината на оваа. Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго. Но, најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:
-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда?
-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер?
-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано?
-Дали тука станува збор за бизнис?
-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?
Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше?
Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена.
Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев.
Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.