Црна хроника
Натепал редар во ноќен клуб, а потоа цел му биле полицајци – велешанец со лисици однесен во станица

Приведен велешанец, кој натепал редар во ноќен клуб, а потоа бил агресивен со полицајците.
На 16.04.2023 во 01.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.К.(39) од Велес, затоа што пред угостителски објект во Велес физички го нападнал М.Б.(33) од Скопје, кој работел како редар пред објектот, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер од Битола му се заканувал на 34-годишник – изнудил експлицитни фотографии претставувајќи се како жена, па барал пари

Полицијата приведее 16-годишник од селото Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола.
Му се заканувал дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од него претставувајќи се со лажен женски идентитет.
Тинејџерот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз син му во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.